На ден 10.04.2018 год. од страна на МЦГО беше распишан конкурс за најдобра фотографија од мултиетничка интеграција. Во нашето училиште „Раде Кратовче“ со ментор Ана Чаршавска на ден 15.04.2018 год. со ученици од 8-2 и 8-1 одделение и фотограф Столе Стоилов беа направени повеќе фотографии од кои беа избрани две, по една од темите дадени од МЦГО. На натпреварот учествуваа над 600 фотографии, од кои фотографијата од нашето училиште влезе во првите три кои понатаму се гласаа на фејсбук страната на МЦГО. На ден 25.05.2018 год. нашата фотографија освои прво место за што беше доделена награда лап -топ и сертификат за најдобра фотографија на менторот на учениците.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме напишете го вашиот коментар!
Ве молиме напишете го вашето име