На ден 05.06.2018 година се одржа состанок на кој беа стручната служба и комисијата од тројца наставници: Јагода Шапкова, Рада Иванова и Слободан Зафиров, кои како одделенски раководители на деветтите одделенија во централното училиште предложија 3 ученици кои влегоа во потесниот избор и тоа: од IX-1 одд. ученикот Христијан Георгиев; од IX-2 одд. ученичката Глорија Велкова и од IX-3 одд. ученикот Благој Монев. Врз основа на изготвениот критериум во согласност со Правилникот за пофалби и награди на учениците во ОУ „Раде Кратовче“ Кочанибеа бодувани предложените ученици и за Првенец на генерацијата беше избрана ученичката Глорија Велкова.
И посакуваме успеси на ученичката во понатамошното образование!