По повод Европската недела на мобилност и 22 септември Меѓународниот ден без автомобили, нашето училиште со својот Училишен Спортски клуб Тркало организираше Велосипедско дефиле и Велосипедски ликовен хепенинг, како дел од мрежата на Вело училишта, а поддржани од Еко логок-Скопје и Швајцарската агенција за развој и соработка. Дел од овој хепенинг беа Општина Кочани, основните и средните училишта од нашата општина и љубители на велосипедизмот. Од нашето училиште во Велосипедското дефиле учествуваа 57 ученици, 4 наставници и директорот на училиштето, а во ликовниот хепенинг учествуваа 15 ученици кои цртаа на тема Велосипед од соништата. Исто така нашите ученици делеа флаери на граѓаните за да се запознаат со предностите на велосипедот како транспортно средство.