Прием на првачињата во Детската организација

0
325

Секое дете во суштина е исто: Малку топло срце и глава полна со желби, на сите деца им требаат сите нивни права, сакаат да се хранат, забавуваат и мирно да спијат!

На 5 Октомври се одржа манифестацијата Прием на првачињата во Детската организација под мотото Градиме мостови, чекориме напред!, каде носител на активностите беше нашето училиште. Манифестацијата се одржа во ЦК Бели мугри со почеток во 11.30 часот, а со свои ритмички точки учествуваа ученици од сите општински училишта. Во улога на водител беше ученичката Славица Стојанова, а во ритмичката точка Африкански танц учествуваа учениците од петто одделение под менторство на одделенскиот наставник Дивна Јанушова. Воедно се честиташе и Светскиот ден на учителите – 5 Октомври.