Формиран Училиштен клуб на Црвениот крст

0
318
На 15.10.2018 година во нашето училиште се формираше Училиштен клуб на Црвениот крст. Се спроведе десиминациска сесија за присутните ученици кои се запознаа со движењето на Црвен крст, настанокот, амблемот, женевските конвенции и дополнителни протоколи како и основните принципи врз кои се темели работата на Црвениот крст. Присуствуваа 18 наши ученици кои имаат уплатено годишна чланарина од 100 денари и потполнија пристапници за членство. Овој клуб ќе работи според унифициран план на активности со цел постојано да се надоградуваат и прошируваат капацитетите на младинското работење.
Потпишани се и меморандуми за соработка помеѓу ОУ „Раде Кратовче“ Кочани и Општинската организација на Црвен крст Кочани.