
Овој проект започна да се реализира на 24 октомври и траеше 9 седмици, под менторство на предметниот наставник по математика Јулујана Николовска, а учество зедоа 20 ученици и тоа: од 7 одд. еден ученик, од 8 одд. тројца и сите ученици од 9 одд. Учествуваа 30 држави, а соработници на проектот беа Борко Петровиќ од Србија и Xuxo Ruiz од Шпанија. Проектот има за цел интеркултурно да ги поврзе децата, припадници на различни народи од цел свет по пат на врсничко учење за другите народи, нивните земји и култури.
Во првата седмица од проектот учениците имаа за цел да изберат една држава и да се запознаат со нејзиниот јазик, култура, природни богатства, цртајќи мапа, знаме, а проучувајки и демонстрирајки и за нашата држава Македонија. Учениците ја избраа Норвешка. Во другиот дел од задачата требаше да се претстават на мапа на седум различни континенти, седум импресионирачки работи од седум различни држави. Во третиот дел од задачата се напишаа, изговараа, демонстрираа преку слајдови, седум волшебни збора на повеќе јазици. Учениците ги избраа: Мир, образование, љубов, сонце, пријател, природа, цвеќе, а ги напишаа и изговараа на кинески, англиски, француски, шпански, српски и македонски јазик. Во четвртата задача учениците воспоставија контакт со ученици од училиштето „25-ти мај“ од Рожај, Црна Гора и нивната наставничка Мунирка Агович. Во петтата задача добија и разменија писма и контакти преку facebook и mail, па ги запознаа нивните пријатели од Црна Гора со нашето училиште, нашиот град, држава, природни богатства, праќајќи слики и кратка репортажа. Во шестата задача која гласеше „Нашето малку некому значи живот“ и беше со хуманитарен карактер, требаше учениците, а со помош и на родителите и пријателите да изработат перничиња со симболи, знамиња од други држави, да се продадат и средствата да се наменат на некој на кој би му биле потребни. Сработените перничиња беа продадени во училиштето и дел од нив на гратскиот пазар. Терминот во кој се работеа активностите се поклопи со Новогодишните празници, па со собраните средства се купија пакетчиња за децата со посебни потреби. Пакетчињата лично им ги дадоа учениците посетувајќи го Центарот за деца со специјални потреби во Кочани, каде пријатно беа пречекани и почестени и добија своерачно изработена честитка и благодарница на менторот Јулијана Николовска. Проектот заврши со објава на youtube каналот. Се додели сертификат на менторот на проектот Јулијана Николовска. Во изработката на задачите дитектно или индиректно се вклучија и помогнаа поголем дел од предметните наставници.