Учениците во улога на предавачи на тема: „Етика во сообраќајот“

0
500

На 26.10.2018 година во нашето училиште се одржа предавање на тема: „Етика во сообраќајот“, како дел од планираните активности со ученичката заедница. Во улога на предавачи беа ученичките Славица Стојанова и Стефанија Паунова од VI-3 одд., под менторство на предметниот наставник Лемпа Василова, бидејќи овие ученички се и дел од сообраќајната секција. Целна група на предавањето беа учениците од петто одделение кои од оваа учебна година пошироко ќе се запознаат со сообраќајот на часот по техничко образование, а целта на ова предавање беше етиката во сообраќајот, односно како треба да се однесуваат сите учесници во сообраќајот и на што тие треба да внимаваат, за да се избегнат сообраќајните незгоди. Предавачките ги запознаа присутните ученици со одредени сообраќајни знаци кои најчесто можат да се сретнат во нашето окружување, ги потсетија на поимот крстосница, како таа се регулира, а на крајот организираа и квиз со прашања од темата, во кој победници беа девојчињата и погодување на зборчиња од темата сообраќај.
Предавањето заврши успешно со заклучок дека сообраќајната култура треба да се гради и во семејството и во училиштето и дека подеднакво треба да внимаваат сите учесници во сообраќајот.