Зелено знаме

0
525
На објавениот Конкурс за наградување на градинки, основни и
средни учлилишта вклучени во првата, втората и третата година од имплементацијата
на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен
систем“ право на пријавување имаа 51 детска градинка, 359 основни училишта и 100 средни училишта. Заклучно крајниот рок 12.10.2018 година на електронската апликација биле пријавени 42 воспитно-образовни институции.
Благодарение на заложбите на наставниците од одделенска и предметна настава во реализирањето на еко активности, на овој конкурс нашето училиште повторно се здоби со статусот Зелено знаме.
Честитки до училиштето за добиениот статус!