Одбележување на Светскиот ден на дијабетот-14 Ноември

0
7

На 14.11.2018 година во нашето училиште се одржа предавање на тема Дијабет, со цел одбележување на Светскиот ден на дијабетот. Во улога на предавач беше доктор Марјан Ефтимов, вработен во Центарот за дијализа Кочани. Слушатели беа учениците од осмо одделение, кои беа запознаени со тоа што претставува шеќерната болест, кои типови на шеќерна болест постојат, кои се причините за нејзиното појавување, како да се посомневаме, симптоми и знаци, лекување, контроли, исхрана и физичка активност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме напишете го вашиот коментар!
Ве молиме напишете го вашето име