Завршна активност од проектот „Градење посилно граѓанско општество“

0
10

 На 22.11.2018 година во нашето училиште се одржа завршна активност од проектот „Градење посилно граѓанско општество“, во соработка со НВО Авена од Кочани и Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје. Активноста се состоеше од изработка на цртежи од учениците од предметна настава од нашето училиште под менторство на предметниот наставник Елизабета З. Стојанова и од учениците од предметна настава од ОУ „Малина Попиванова“ на тема Ромска култура и образование. Цртежите беа разгледани од формирана комисија и беа наградени следниве ученици: прва награда освои ученикот Нехру Рашидов VII-3, втора награда ученичката Кристина Захариева  VIII-1 и двајцата од нашето училиште и трета награда ученичката Игбал Саидова IX-3 одд. од ОУ „Малина Попиванова“ Кочани. Од сите цртежи беше направена изложба која можеа да ја погледнат гостите на оваа завршна активност. Активноста беше проследена и со музичка изведба од страна на учениците Фросина Темелкова – гитара, Усеин Асимов – кларинет и Мартина Тасова – флејта, а ученичките Ана Марија Миткова и Ебру Бајрамова ги претставија македонската и ромската народна носија.
Честитки до наградените ученици и до сите учесници во оваа активноста кои придонесоа таа да биде успешна!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме напишете го вашиот коментар!
Ве молиме напишете го вашето име