Предавање на тема ХИВ/СИДА – Синдром на стекната имунодефициенција

0
6

На 30.11.2018 година во нашето училиште се одржа предавање на тема ХИВ/СИДА – Синдром на стекната имунодефициенција, а со цел одбележување на 1-ви декември Светски ден за борба против ХИВ/СИДА. Ова предавање беше дел од планираните активности на состанокот со Ученичката заедница, а во улога на предавачи беа учениците Филип Ефтимов претседател на IX-2 одд. и Ана Марија Миткова претседател на IX-3 одд. Слушатели беа учениците од деветто одделение. Учениците подготвија презентација преку која ги информираа учениците за тоа што е сидата и од каде таа потекнува, како таа се добива и кои се надворешните знаци по кои таа се препознава, како се пренесува и дали има лек за неа и на крајот како да се заштитат луѓето, односно навреме да се делува, за да не се зголемува бројот на нови случаи. Преку ваквото предавање се даде значење на овој ден, а на предавачите им се даде поодговорна улога – да истражуваат, да споделуваат информации и заеднички да направат презентација која имаа можност да ја презентираат пред учениците.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме напишете го вашиот коментар!
Ве молиме напишете го вашето име