Предновогодишно уживање со театарската претстава Новогодишната желба на Дедо Мраз

0
24

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници нашите вредни наставници и ученици подготвија театарска претстава насловена како Новогодишната желба на Дедо Мраз, која можеа да ја проследат учениците од одделенска настава од нашето училиште на 18 декември, како и ученици од одделенска настава од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и ОУ „Никола Карев“ на 19 декември во МКЦ „Ленин“.

Во претставата Новогодишната желба на Дедо Мраз учествуваа следниве ученици:

–       во улога на Дедо Мраз – Филип Ефтимов од IX-2 одд.;

–       во улога на Баба Мразица – Василија Ангелова од VIII-1 одд.;

–       во улога на Снегулка – Славица Стојанова од VI-3 одд.;

–       во улога на Нова година – Ангела Василкова од VII-1 одд.;

–       во улога на Добрата вила – Анастасија Богданова од V-3 одд.;

–       во улога на деца – Александра Стојанова, Марија Трифунова, Марина Велова, Ана Стојанова и Тамара Јангеловска сите од V-3 одд.

За успешно изведување на претставата се погрижија наставниците ментори: Дивна Јанушова – одделенски наставник, Фанула Чапевска, Вера Стојкова и Александар Ангелов наставници по македонски јазик. За уредување на сцената се погрижи предметниот наставник по ликовно образование Елизабета Зафирова Стојанова, а за озвучувањето лицето Мите Алексов.

Средствата собрани од оваа претстава ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме напишете го вашиот коментар!
Ве молиме напишете го вашето име