Предавање на тема: „Штетното влијание на модерните Интернет игри“

0
7

На 26.12.2018 година на иницијатива на ученичките Ана Марија Миткова од IX-3 одд. и Габриела Мишова од VIII-3 одд. како претседатели на паралелките, а како дел од планираните активности на Ученичката заедница, се реализираше предавање на тема: „Штетното влијание на модерните Интернет игри“, каде во улога на предавачи беа истите ученички. Предавањето беше наменето за учениците од четврто одделение, бидејќи имаме сознание дека дел од нив почнале да ги играат игрите како Синиот кит, Момо и Грени и да се спречи секое несакано негативно влијание и штетни последици. Учениците во текот на предавањето често се вклучуваа во дискусијата, пренесуваа свои и туѓи искуства и внимателно ги слушаа укажувањата на ученичките во однос на предизвиците кои ги поставуваат овие игри. Крајниот заклучок беше дека не треба да прифаќаат секакви понуди на Интернет и да бидат крајно внимателни при изборот на игри и други содржини, а исто така и родителите треба да имаат увид што учениците прават во нивното слободно време.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме напишете го вашиот коментар!
Ве молиме напишете го вашето име