Е-twinning проект „Храна која што мора да ја пробате од целиот свет“ (Must eat foods from around the world)

0
88

И овој проект се реализираше во периодот од септември до јануари 2019 година и повторно е вклучен предметниот наставник по англиски јазик Елена Пантова и учениците од  5-то одделение. Партнер училишта беа околу 10 други училишта од Европа (Грција, Србија, Италија, Турција, Малта и други земји). Целта на овој проект беше учениците за се запознаат со различните видови храна, специјалитети, традиционални јадења кои ги јадат луѓето од другите Европски земји и да ги запознаеме другите партнер училишта со македонската традиционална храна и специјалитети. Се реализираа неколку активности поврзани со овој проект. Една од активностите беше да се направи презентација за еден македонски специјалитет и десерт. Се пишуваше за пастрамајлија и сутлијаш  и за ајварот и сармата како дел од македонските традиционални јадења. Друга активност како дел од проектот беше размена на некој производ преку пошта. Се испратија СМОКИ на три партнер училишта (Грција, Италија и Малта ), а исто така вклучените во проектот од нашето училиште добија мали подароци (храна) направени таму од нив – Италијанско чоколадо, некој вид на чипс со сирење од Малта и млечни карамели од Грција. На крајот координаторот на проектот од Португалија направи заедничка електронска книга со сите рецепти во неа од сите партнер училишта вклучени во проектот. Менторот на проектот Елена Пантова, доби сертификат за квалитет од страна на Националната агенција за поддршка и Централниот сервис за поддршка на Ерасмус плус и Е-твининг проекти како и нашите ученици кои беа дел од сите активности.

Претходна објаваНовогодишно изненадување во ПУ с. Нивичани
Следна објаваЕ-twinning проект „Размена на Божиќни картички“ (Christmas cards exchange 2018)