Освоени награди на Општинскиот натпревар по природни науки и биологија

0
3
На 23.02.2019 година во ОУ „Синиша Стоилов“ Зрновци се одржа Општинскиот натпревар по природни науки и биологија на кој учествуваа ученици од четврто до деветто одделение и ги постигнаа следниве резултати:
– под менторство на одделенскиот наставник Снежана Деспотова ученикот Тони Јованов освои III награда на Општинскиот натпревар по природни науки;
– под менторство на предметниот наставник Снежана Јорданова ученикот Алекс Адемов освои I награда, ученичките Тамара Јангеловска, Марина Велова и Анастасија Богданова освоија II награда, Александра Стојанова и Филип Мијалков освоија III награда на Општинскиот натпревар по природни науки. Пофалени се учениците Мартин Стојанов и Ана Стојанова. Сите ученици се од V-3 одделение;
– под менторство на предметниот наставник Анита Стојанова учениците Ангела Стојанова и Матеј Минов од шесто одделение освоија III награда, а ученичката Славица Стојанова е пофалена;
– под менторство на предметниот наставник Слободан Зафиров ученичката Ангела Василкова од VII-1 одд. освои III награда и ученикот Филип Ефтимов од IX-2 одд. освои II награда на Општинскиот натпревар по биологија. Ученикот Ненад Стојанов од VIII-2 одд. е пофален;
– под менторство на предметниот наставник Анита Стојанова ученичката Анастасија Атанасова од IX одд. од ПУ с. Нивичани на Општинскиот натпревар по биологија освои III награда.
Им посакуваме уште поголем успех на учениците и наставниците ментори!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме напишете го вашиот коментар!
Ве молиме напишете го вашето име