Предавање на тема: „Солидарност и хуманост во сообраќајот“

0
500

На 28.02.2019 година во нашето училиште се одржа предавање на тема: „Солидарност и хуманост во сообраќајот“, како дел од планираните активности со сообраќајната секција. Пред ова предавање беше спроведена кратка анкета на случајни минувачи, односно 22 наши граѓани одговорија на 6 прашања. Во улога на предавач беше ученичката Габриела Мишова од VIII-3 одд., под менторство на предметниот наставник Лемпа Василова, бидејќи таа е дел од сообраќајната секција. Целна група на предавањето беа учениците од петто и шесто одделение кои по предметот техничко образование учат за сообраќај и учесници во него, фактори за безбедност, етички правила на однесување, солидарност и помош. Предавачката ги запознаа присутните ученици со поимот сообраќајна етика, за тоа дека сите учесници во сообраќајот треба да ги знаат правилата и прописите, опасностите од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, хуманите односи во сообраќајот и техниката на управување на сообраќајните средства. Им се укажа дека за да некој биде солидарен во сообраќајот треба да е подготвен за заедничка заемна одговорност, заедничко свесно и совесно дејствување и меѓусебна помош и разбирање.

            Предавањето заврши успешно со заклучок дека секој учесник во сообраќајот мора да сфати дека освен него и покрај него има и други учесници и дека сите треба меѓусебно да си помагаат во сите незгоди и заеднички да внимаваат за да се избегнат опасностите поврзано со сообраќајот.