Освоени награди на Општинскиот натпревар по математика

0
4
На 02.03.2019 година во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ се одржа Општинскиот натпревар по математика на кој учествуваа ученици од петто до деветто одделение и ги постигнаа следниве резултати:
– под менторство на одделенскиот наставник Дивна Јнаушова ученикот Алекс Адемов освои II награда, а ученичките Марина Велова и Тамара Јангеловска се пофалени;
– под менторство на предметниот наставник Рада Иванова ученикот Иван Георгиев освои I награда и ученикот Матеј Минов освои III награда. И двајцата ученици се од шесто одделение;
– под менторство на предметниот наставник Јулијана Николовска учениците Ангела Василкова од седмо одделение, Матеј Беличев од осмо одделение и Филип Ефтимов од деветто одделение се пофалени;
– под менторство на предметниот наставник Моне Велков ученичката Кристина Николова од осмо одделение е пофалена.
Им посакуваме уште поголем успех на учениците и наставниците ментори на Регионалниот натпревар!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме напишете го вашиот коментар!
Ве молиме напишете го вашето име