Реализирана самостојна мултикултурна активност по повод 8-ми Март – Празникот на жената

0
274

Под менторство на предметниот наставник Елизабета Зафирова Стојанова се реализираше самостојна мултикултурна активност под наслов Дизајн на украси по повод 8-ми март, Денот на жената, а како планирана активност од проектот за Меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Беа вклучени учениците од VII-3 одд. кои поделени во хетерогени групи изработуваа честитки  кои потоа беа поделени на случајни минувачки во непосредна близина на нашето училиште.