Врз основа на апелот за помош од страна на родителот Димитар Алексов, татко на детето Ивана Алексова која боледува од церебрална парализа и веќе две години поради оваа болест се одложува за упис во прво одделение, инаку по реонизација припаѓа во нашето училиште, преку донација од страна на вработените, ученици, преку излегување на терен во слободно време, нашето училиште успеа да обезбеди 14 300 денари и да помогне побрзо да се соберат потребните средства за понатамошното лекување на детето. Активноста траеше една недела од 4 до 8 март.