Свечена академија по повод Патрониот празник на нашето училиште

0
345

На 22.03.2019 година во 09.00 часот се положи свежо цвеќе пред бистата на нашиот патрон народниот херој Раде Кратовче и се прочитаа наградените литературни творби, потоа следуваше положување на свежо цвеќе во градскиот парк во 11.00 часот, а со почеток во 19 часот во НУЦК „Бели мугри“ се одржа свечената академија по повод Патрониот празник на нашето училиште на која учествуваа ученици од прво до трето одделение кои се претставија со ритмички игри, а учениците од предметна настава се претставија со хорски и оркестарски композиции, монодрама и ритмички игри.