Дека навистина нашите наставници и ученици вредно работат и постигнуваат високи резултати, покажуваат и трите освоени први места на Општинскиот натпревар по англиски јазик кој се одржа на 23.03.2019 година во Општина Виница. Тоа се следниве ученици:
1. Филип Ангелов од V-3 одд. под менторство на предметниот наставник Елена Пантова;
2. Иван Георгиев од VI-3 одд. под менторство на предметниот наставник Марија Атанасова и
3. Ненад Стојанов од VIII-2 одд. под менторство на предметниот наставник Марија Атанасова.
Честитки до учениците и наставниците ментори!