Конкурсот за избор на најдобра творба од реупотребено отпадно ПЕТ пакување

0
117
Во рамки на проектот Воспоставување на функционален локален систем за управување и правилно постапување со отпадното ПЕТ пакување во Кочани на ниво на нашето училиште беше организиран училишен натпревар. Имено, учениците од реупотребено отпадно ПЕТ пакување правеа различни предмети и од нив прва награда освои ученичката Анастасија Богданова од V-3 одд., втора награда Александра Стојанова и Мила Наунова од V-3 одд. и учениците Ален Мемедов и Оруч Шакиров од VIII-1 одд., трета награда Марија Трифунова и Ана Стојанова од V-3 одд. Ментори беа одделенските раководители Дивна Јанушова и Марија Атанасова.
Честитки до учениците и до менторите!
Претходна објаваДобиена диплома од Детскиот ликовен конкурс Мини рестАРТ 2018
Следна објаваПроект „Иновирајте ги Вашите соништа“