Одбележан Меѓународниот ден на литературата за деца – 2 Април

0
357

 И оваа учебна година нашето училиште беше дел од манифестацијата по повод одбележување на Меѓународниот ден на литературата, 2 Април во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, каде што учество зедоа ученици од петто одделение, кои се претставија со драматизација за Литванија. Во улога на водители на оваа манифестација беа ученичките Славица Стојанова од VI-3 одд. и Ангела Василкова од VII-1 одд. Како дел од проект-програмата „Славење на меѓународниот ден на литературата за деца, Другарувањето со книгите ни е песна – Фестивал на децата, книгите и музиката“, а по повод одбележувањето на 2 април, од нашето училиште беа испратени ликовни творби на повеќе ученици од петто одделение, од кои IIнаграда освои ученичката Марија Трифунова од V-3 одд. под менторство на одделенскиот наставник Дивна Јанушова. Во исто време, односно на 02.04.2019 год. во нашето училиште гостин ни беше писателот Христо Петрески. Тој се сретна со учениците од петто одделение. Средбата беше многу интересна за децата, бидејќи тој е и автор на книгата „Златното јаболко и други бајки“ која учениците ќе ја обработуваат овој месец. На многу интересен и шеговит начин тој се претстави себе си и своето дело. Преку разговор со нив тој ги поттикнуваше во иднина и тие вклучувајќи ја фантазијата испреплетена со реалноста, да се обидат да напишат нешто. Во текот на истиот ден со почеток во 10.00 часот во ЈОУ Библиотека „Искра“ се одржа ликовна работилница на илустраторот Натали Николовска на која присуствуваа ученичките Михаела Стојанова од VII-3 одд. и Марија Андонова од VIII-3 одд. Учениците твореа на слободна тема, а од нивните цртежи беше направена мала изложба.