Активности од проектот „Вело училишта“

0
459

Проектот ,,Вело Училишта“ креиран од страна на ,,Еко Логик“ има за цел да го зголеми и унапреди знаењето за темите велосипедизам, одржлив транспорт и безбедност во сообраќајот  кај децата, родителите, наставниците и пошироката јавност од 10 општини  на територијата на Република Македонија, меѓу кои и Општина Кочани и преку вклучување на нашето училиште.

Со таа цел на ден  16.05.2019 година беа реализирани 3 едукативни вежби преку кои на интересен начин учениците  имаа можност да се запознаат со велосипедизмот. Преку вежбата „Учиме за велосипедот и какви видови на велосипеди постојат“ учениците  се запознаа со велосипедот на креативен начин работејќи во групи по двајца. Потоа со вежбите „Циклолаж“ и „Oсумнасочник“ учениците беа поделени во тимови и имаа за задача да состават велосипед. На тој начин се запознаа со главните делови на велосипедот и имаа можност да дискутираат за тоа какви велосипеди постојат.           

Во овој проект беа вклучени ученици од 6-то одделение, под менторство на предметните наставници Лемпа Василова и Мартин Џамов.