Продолжуваме со активностите од проектот „Вело Училишта“

0
482

ОУ „Раде Кратовче“ од Кочани како дел од проектот „Вело Училишта“  продолжи со активностите кои се предвидени во овој проект. Со таа цел на ден 21.05.2019 година ги реализираше и останатите активности од проектот „Вело Училишта“ на кој беа реализирани 3  едукативни вежби преку кои на интересен начин учениците имаа можност повторно да се запознаат со велосипедизмот.  Преку вежбите  „Учиме за велосипедот и какви видови на велосипеди постојат“,   „Користење на рачни сигнали“ и „Точка до точка“ учениците се запознаа со правилата на патот за комуникација со другите учесници во сообраќајот. 

            И во овие активности беа вклучени ученици од 6-то одделение, под менторство на предметните наставници Лемпа Василова и Мартин Џамов.