Настан Вело Родео како дел од проектот „Вело Училишта“

0
469

На ден 30.05.2019 година 11 ученици од нашето училиште со наставниците ментори Лемпа Василова и Мартин Џамов учестуваа во активностите кои беа предвидени во проектот „Вело Училишта.  Настанот „Вело Родео” беше од отворен карактер на кој учествуваа учениците од нашето училиште, ученици од основно училиште од Скопје и ученици од СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш.

За време на престојот учениците и наставниците беа љубезно пречекани од домаќините и гостите амбасадори. Следуваше и кратка прошетка низ градот, разгледувајќи ги историските знаменитости на градот.

Пред започнување на главниот дел од настанот имаше изведба на културно-уметнички точки од домаќините и презентација на општинските основни училишта преку штандови со изработки од учениците и наставниците. За време на активноста учениците преку различни видови на едукативни игри (Вело меморија, Сложувалка, Еко не лути се човече итн.) се запознаа со велосипедските делови, државите во Европа како и многу интересни факти за екологијата. Исто така учениците имаа можност да ги покажат своите велосипедски вештини преку совладување на многу интересни вежби: Полигонско возење со препреки, возење во круг, возење по даски и препреки. Учениците беа поделени во групи според нивниот интерес и повеќе активности течеа во исто време, а за успешно завршените активности победниците добија мали награди.