Во организација на Здружението за екологија и заштита на животната средина ЕКО ТИМ ИСТОК, во рамки на проектот „Воспоставување на функционален локален систем за управување и правилно постапување со отпадното ПЕТ пакување во Кочани“ на 30.05.2019 година се одржа натпревар во знаења и вештини помеѓу основните училишта во Кочани. Беа формирани екипи од ученици од одделенска и предметна настава кои се натпреваруваа во квиз на знаења, во 4 игри: Кули од пластични чаши, Лавиринт, Куглање со пластични шишиња и Фрлање во кош со пластични капачиња и сликање ликовни творби во техника по свој избор на тема „Чиста животна средина“. Иако сите ученици беа успешни сепак победник беше нашето училиште, кое исто така доби и благодарница, како домаќин училиште за поддршка при организирање и спроведување на овој натпревар.