Успешно реализирана активноста насловена како „Град за сите“

0
11

 Согласно Меморандумот за соработка потпишан помеѓу МОН, Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и Детската фондација Песталоци, од минатата учебна година започна со имплементација проектот „Инклузија на децата што се надвор од училиштата во образовниот систем“. Овој проект има за цел зголемување на опфатот на учениците и подобрување на инклузивноста во основното образование. Оваа учебна година проектот ја започна програмата за поддршка на воннаставни ученички активности за интеркултурно учење која предвидува финансиска поддршка за реализација на ученички активности кои ја поддржуваат инклузијата на децата кои се надвор од училиштата во образовниот систем. Оваа учебна година со програмата се опфатени проектни училишта од девет општини, а од нашата општина е нашето училиште во кое од почетокот на учебната 2018-2019 година беа инклузирани 9 ученици од кои 7 останаа во редовната настава. Како дел од оваа програма е и денешната наша активност насловена како „Град за сите“, чија цел е да се поттикне самодовербата и сигурноста кај учениците-стипендисти, да се развива другарството, натпреварувачкиот дух, да се оспособат за фер игра и да се испрати позитивна порака до родителите на оние деца кои не посетуваат настава, односно децата кои се надвор од училиштата. Во активноста беше планирано да се вклучат 55 ученици од прво и второ одделение, 5 одделенски наставници Фиданка Манчова, Силвана Ивановска, Татјана Тодорова, Весна Наунова и Благојчо Стоилов во чии паралелки има инклузирано вакви ученици и училишниот педагог Марија Филипова. Со активноста беа планирани 2 средби од кои едната се реализираше минатата недела за да можат учениците од различна возраст и етничка припадност да се запознаат и да се создаде пријатна клима за работа. На 29.05.2019 година се реализираше останатиот дел од активноста преку вежби за загревање, формирање на хетерогени групи и градење на „Град за сите“ со користење на 2Д и 3Д форми, танграми, чуњеви, јажиња и хулахопи.