Едукативна работилница на тема „За културното наследство од Кочани и Кочанско“

0
12

НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија, под раководство на кустос советникот Илинка Атанасасова во просториите на Етнокуќата во Кочани од 1 до 3 октомври реализираше едукативна работилница на тема „За културното наследство од Кочани и Кочанско“. На работилницата од нашето училиште учество зедоа учениците: Верица Николова 6-2 одд., Брајан Стоилков 6-3 одд., Александар Алексов 6-3 одд., Ангела Стојанова 7-3 одд., Викторија Стоилкова 7-3 одд., Тина Андонова 8-1 одд., Ангела Василкова 8-1одд., Кристина Захариева 9-1 одд., Елена Илиева 9-2 одд., Кристина Николова 9-2 одд., Андреја Јангеловска 9-3 одд. и Марија Андонова 9-3 одд. под надзор и менторство на проф. Елизабета Зафирова Стојанова. Учениците креатори изработија цртежи, слики и дизајни на керамичка основа со мотиви од неолитот па сè до денес. Од проектот ќе следува подготовка на каталог за учесниците и изложба на нивните творби.