На 07.11.2019 година во рамки на активностите за Месецот на книгата 2019“ во нашето училиште гости беа Славица Цветкова, Јане Атанасов и Тоше Илиев – членови на литературен клуб Копнеж кои се претставија со свои литературни творби пред ученици од четврто и петто одделение и ученици од предметна настава и предметниот наставник Фанула Чапевска. И нашите ученици се потрудија и ги прочитаа своите творби пред гостите кои беа пријатно изненадени од трудот на нашите ученици.