Одбележан Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди – 15 ноември

0
326

 На 15.11.2019 година под менторство на предметниот наставник Лемпа Василова се одржа презентација пред учениците од шесто одделение и членови на сообраќајната секција. Темата на предавањето беше: Одбележување на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди – 15 ноември и во улога на предавачи беа ученичките од VI-3 одд.: Анастасија Богданова, Марина Велова и Александра Стојанова и тие преку презентација ги запознаа присутните  ученици со фактот дека според СЗО (Светската здравствена организација), сообраќајните незгоди претставуваат трета причина за смртност кај децата на возраст од 5 до 9 години, втора причина за смртност кај децата на возраст од 10 до 14 години и кај младите на возраст од 20 до 24 години, а прва причина за смртност кај децата на возраст од 15 до 19 години. Многу е важно сите надлежни институции да се залагаат за подигање на безбедноста на сообраќајот на патиштата, а и секој поединец – учесник во сообраќајот да покаже повисоко ниво на свест и одговорност во сообраќајот. Особено се апелираше за постојана грижа и внимание за континуирано подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот на патиштата кои се нашата иднина.