На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември, 1989 година, ја усвои и Конвенцијата за правата на детето.
На 19.11.2019 година се одржа активност по повод 20 ноември – Светски ден на детето во која беа вклучени ученици од предметна настава под менторство на предметните наставници: Вера Стојкова, Фанула Чапевска, Елизабета Зафирова Стојанова, Ана Симонова и училишниот педагог Марија Филипова. Учениците твореа литературни и ликовни творби за детето и од нив ќе се направи изложба во училиштето која ќе можат да ја погледнат вработените и родителите. Овој ден 20 ноември се води како Светски ден на детето и целта на денот на универзалните деца е да се подобри благосостојбата на децата ширум светот, да се промовираат и слават правата на децата и да се промовира заедништво и свесност кај сите деца. Сите заедно да се потрудиме да обезбедиме безгрижно детство!
Децата имаат право да ги знаат своите права, а и возрасните треба да ги знаат исто така.
Децата имаат право да го покажат своето мислење преку зборување, пишување, уметничко изразување и друго, доколку тоа не ги повредува правата на другите.
Децата имаат право да учествуваат во игра и рекреативни активности кои одговараат на нивната возраст, имаат право на слободно учесто во културниот живот и уметностите.