Освоени награди на Општинскиот натпревар по природни науки и биологија

0
233
На 15.02.2020 година во ООУ „Никола Карев“ Кочани се одржа Општинскиот натпревар по природни науки и биологија на кој учество зедоа одделенските и предметните наставници со свои ученици и ги постигнаа следниве резултати:
1. Под менторство на одд. наставник Светлана Кралова ученикот Матеј Паунов од IV-1 одд. е пофален;
2. Под менторство на предметниот наставник Снежана Јорданова ученичката Еда Јакубова од V-2 одд. освои III награда, а ученикот Јован Божинов од V-3 одд. е пофален;
3. Под менторство на предметниот наставник Анита Стојанова ученичките Анастасија Богданова од VI-3 одд. и Верица Николова од VI-2  одд. освоија III награда, а учениците Александра Стојанова, Марина Велова, Филип Мијалков, Марија Трифунова и Тамара Јангеловска сите од VI-3 одд. се пофалени;
4. Под менторство на предметниот наставник Слободан Зафиров учениците Ангела Стојанова од VII-3 одд., Матеј Минов од VII-1 одд., Ангела Василкова од VIII-1 одд., Наталија Михаилова од VIII-3 одд., Ненад Стојанов и Кристина Николова од IX-2 одд.и Андреја Јангеловска од IX-3 одд. се пофалени.
 
Честитки до наставниците ментори и учениците!