Одбележан 5 Мај – Ден на македонската азбука

0
57

На денешен ден, на 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

Македонска азбука — официјално и единствено писмо на македонскиот јазик со службен статус територијата на Република Македонија. Се заснова на кирилицата со одредени измени приспособени на македонскиот гласовен систем. Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, а некои ортографски знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ иако Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови. 

Македонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевнојазички традиции и службен јазик во Македонија. Спаѓа во групата на јужнословенски јазици со околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, САД, Канада, Австралија и други земји.

Треба да се почитува и негува јазикот на кој зборуваме и се разбираме, споделуваме и пренесуваме од нас до вас, од вас до нив и сè така во круг за да македонскиот јазик не се заборави и да опстои во иднината.

Во чест на овој ден нашите вредни ученици од предметна настава и нивните наставници ментори Вера Стојкова и Елизабета Зафирова Стојанова споделија свои литературни и ликовни творби.