На 17.09.2020 година учениците од нашето училиште: Анастасија Богданова, Славица Стојанова, Марија Трифунова и Ангела Василкова беа вклучени во Проектот „Славење на Меѓународниот ден на литературата за деца, Другарувањето со книгите ни е песна – Фестивал на децата, книгите и музиката“ во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани. Учениците драматизираа на текст од книгата „Мали детски разговори“од академик м-р Зоран Пејковски, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за 2019 година. Предметните наставници Вера Стојкова и Фанула Чапевска имаа можност да присуствуваат на Трибината на тема „Специфичноста, позитивните влијанија и присуството на литературата за деца во детскиот развој и во креирањето на детскиот свет“ чии излагачи беа проф. д-р Јованка Денкова, м-р Ели Маказлиева и м-р Татјана Лазарова – Осоговска. Од Библиотека „Искра“ беа донирани 40 примероци од повеќе наслови за училишната библиотека.