На ден 12.02.2021 година се одржа Општинскиот натпревар по физика на кој учествуваше ученикот Иван Георгиев од VIII-3 одд. под менторство на предметниот наставник Глигорчо Гацовски и освои 100 поени.
На 20.02.2021 година се одржа Општинскиот натпревар по математика на кој учествуваа следниве ученици: под менторство на предметниот наставник Рада Иванова ученикот Иван Георгиев од VIII-3 одд. освои прва награда; под менторство на одд. наставник Александра Миленовски ученикот Давид Стојанов од IV-1 одд. освои втора награда; под менторство на одд. наставник Елизабета Карова ученикот Стивен Митров од IV одд. од подрачното училиште во с. Нивичани освои втора награда, под менторство на предметниот наставник Јулијана Николовска ученикот Јован Божинов од VI-3 одд. освои трета награда и под менторство на одд. наставник Фиданка Манчова ученикот Стефан Крстев од IV-3 одд. освои трета награда.
Честитики за учениците и наставниците ментори!