Одбележан Патрониот празник на училиштето

0
8

 На 23.03.2021 година, иако скромно, сепак се одбележа Патрониот празник на училиштето. И оваа учебна година поради пандемијата изостанаа ритмичките игри и драматизации, училишниот хор и оркестар, но беше распишан литературен конкурс на тема За тебе борецу, на кој учествуваа учениците од одделенска и предметна настава. Бидејќи беа доставени повеќе литературни творби, се одлучивме да има посебно наградени ученици и од одделенска и од предметна настава.

Наградени се следниве ученици од одделенска настава:

  1. Јана Гацовска IV -3 одд. прва награда,
  2. Јована Велкова IV -1 одд. втора награда,
  3. Михаил Захариев IV -3 одд. трета награда.

          Од предметна настава се наградени следниве ученици:

  1. Наталија Михаилова IX – 3 одд. прва награда,
  2. Марија Трифунова VII -3 одд. втора награда,
  3. Верица НиколоваVII -2 одд. трета награда.

 Првонаградените литературни творби беа прочитани од страна на наградените ученички пред бистата во училишниот двор и се положи свежо цвеќе.