На ден 16.04.2021 година се одржа Општинскиот натпревар по природни науки на кој учествуваа за првпат и учениците од четврто одделение, како и ученици од петто и шесто одделение. Се постигнаа следниве резултати:
Во четврто одделение под менторство на одд. раководител Александра Миленовски ученикот Кирил Иванов освои трета награда, а ученичката Јована Велкова доби пофалница. Под менторство на одд. раководител Фиданка Манчова ученикот Стефан Крстев освои трета награда, ученичката Анастасија Постолова доби пофалница, а ученикот Томислав Стоилов се здоби со учество. Под менторство на одд. раководител Елизабета Карова ученикот Стивен Митров освои трета награда, а ученикот Јован Илиев доби пофалница.
Во петто одделение под менторство на предметниот наставник Снежана Јорданова учениците Матеј Паунов, Павел Темелков и Љубиша Митев се пофалени, а ученичката Ивона Богатинова, Лана Стојанова и Мила Филипова се здобија со учество.
Во шесто одделение под менторство на предметниот наставник Снежана Јорданова учениците Вероника Грозданова и Еда Јакубова се здобија со учество. Под менторство на предметниот наставник Анита Стојанова ученикот Јован Божинов доби пофалница, а ученичката Бојана Василкова се здоби со учество.