Остварена соработка со ООУ „Никола Карев“ Кочани

0
23
По повод својот Патронен празник – 27 април, ООУ „Никола Карев“ Кочани распиша литературен конкурс на тема „Ние сме иднината“ на кој учествуваа ученици и од нашето училиште. Ученичката Јована Велкова од IV-1 одд. под менторство на одд. наставник Александра Миленовски освои II награда, а ученикот Јован Цветанов од III-3 одд. под менторство на одд. наставник Силвана Ивановска освои III награда.
Честитки за наградените ученици!