Одржана активност во рамките на проектот „Редовно на часови“ насловена како „Храната нè зближува“

0
17

 

На 21.05.2021 година под менторство на предметните наставници по англиски јазик Катица Петрова и Марија Атанасова се реализираше активноста насловена како „Храната нè зближува“ во која учествуваа ученици од различна етничка припадност од прво до деветто одделение и двајца родители, со цел учениците преку интерактивни игри поврзани со традиционалната македонска и ромска храна да го збогатат своето знаење, а што е најважно и меѓусебно да се дружат, занемарувајќи ги различностите, а прифаќајќи ги сличностите. Проследете ги видеото и сликите кои говорат за атмосферата.