Во рамки на проектот „Намалување на отпадна пластика на територија на Општина Кочани преку воспоставување на систем за производство на екo плочки за надворешно уредување од отпадна ПЕТ пластика“ финансиран од „Глобален еколошки фонд“ – Програма за мали грантови – РС Македонија и Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани во месец октомври електронски се спроведе конкурс за избор на најдобра творба на тема: „Да, за рециклирање на пластика“ кој беше наменет за ученици од основно образование, и поделен на две категории: избор на најубав цртеж за ученици од прво до петто одделение и избор на најубава творба од реупотребено отпадно ПЕТ пакување за ученици од шесто до деветто одделение. Од нашето училиште наградени се следниве ученици: во категорија најубав цртеж награден е ученикот Лука Стефанов – III -3 одделение, под менторство на одд. раководител Дивна Јанушова и во категорија најдобра творба од реупотребено отпадно ПЕТ пакување наградени се Александра Стојанова – VIII -3 одделениеВикторија Стоилкова – IX – 3 одделение и Анастасија Богданова –VIII -3 одделение под менторство на предметниот наставник Елизабета Зафирова Стојанова.

Претходна објаваОсвоено III место на XXI Општински натпревар Млади библиотекари 2021
Следна објаваХуманоста на дело преку детските чисти срца