Хуманоста на дело преку детските чисти срца

0
247
 Дека хуманоста не познава пол, возраст, етничка припадност покажа активноста на учениците Јован Цветанов и Михаела Стоилкова од IV-3 одд. кои самостојно пројавија иницијатива да ги исперат своите играчки и да ги продаваат по симболична цена во градскиот парк. Беа поддржани од нивните родители и од одд. раководител Силвана Ивановска. Активноста под мотото Сите деца заслужуваат безгрижно школување, се реализираше на 13 ноември, а граѓаните од нашата општина ја поздравија нивната хуманост. Од собраните средства се купија 3 пара чизми и училишен прибор, кои се поделија на тројца ученици на кои навистина им е потребна помош: Сирач Шансин Шакиров, Хурем Демирова и Сезер Мемедовски.