Предавање на тема Корупција

0
363
Во рамки на проектот Антикорупциска едукација на учениците од основните училишта, што влегува во Годишната програма за работа на нашето училиште, на 25.11.2021 година предметниот наставник Антонио Стојанов изврши предавање на тема Корупција пред учениците од деветто одделение. Наставникот ги запозна учениците со терминот корупција и како тој е дефиниран, видови на корупција, за тоа кои поведенија се сметаат за коруптивни или се поврзани со корупција, кои се принципите за ефикасна борба против корупцијата, за Државната комисија за спречување на корупција и кои се нејзините надлежности, дека постои Закон за спречување на корупција. Иако на учениците многу работи им се непознати како термини кои беа истакнати од страна на наставникот, сепак покажаа интерес за темата и самите наведуваа примери на корупција.