Посета на Македонска пошта – Кочани

0
421
На 15.03.2022 година учениците од V-3 одд. ја посетија Македонска пошта – Кочани со цел да ја воочат и да се запознаат со начинот на работа на оваа институција. Претходно учениците учеа како да се оспособат за правилно пишување и адресирање писма и се запознаа со начинот на запознавање и ширење на другарството преку писма и пишан збор. Беа убаво пречекани од сите вработени и учениците си заминаа со пријатни впечатоци и побогати за едно искуство.