Иако во училишни услови, сепак оваа година, по две години пауза, се одбележа денот на шегата, 1 Април. Во улога на домаќини беа учениците од петто одделение кои со групна маска ја претставија пролетта, а пред останатите ученици кажуваа шеги и духовите скечеви. Од прво до четврто одделение учениците се претставија со најразлични маски и на ниво на актив беа доделени дипломи за најкреативни маски.



