Во рамки на проектот „Инклузија на децата што се надвор од училиштата во образовниот систем“ оваа учебна година во месец април беше реализирана првата активност, по повод одбележување на 1 Април-денот на шегата, организирана од страна на одделенскиот раководител Фиданка Манчова.
Од средата 4 мај започна да се реализира уште една активност насловена како „Ѓурѓовден, празникот кој ги обединува етникумите во Македонија“ и истата се реализира преку 3 средби, во која се вклучени учениците од актив трето одделение и од една паралелка од второ одделение, под менторство на одделенските наставници Васка Серафимова, Дивна Јанушова, Снежана Деспотова и Виолета Ангелова.
Најпрвин учениците на интерактивен карактер преку презентација се запознаа и учеа за народниот, односно верскиот празник Ѓурѓовден, како се празнувал порано и какви обичаи и традиции се изведуваат за време на празникот. Во текот на наредниот ден – четврток беше реализирана втората средба на која присуствуваа и родители кои преку свои видувања и раскажувања ги доловија обичаите и традициите поблиску до нас. Родителите заедно со децата плетеа венчиња од разнобојни пролетни полски цвеќиња, а потоа следуваше и лулањето на лулашка (од ортома/јаже), која беше направена во училишниот двор. Исто така училиштето се украси со неколку гранчиња врпки. Во петокот – 6 мај на самиот празник Ѓурѓовден се одржа третата средба со презентација на традиционални јадења приготвени од самите родители. Беа повикани и претставници од општината и медиумите.











