На 14.05.2022 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Државниот натпревар по математика на кој ученикот Иван Георгиев од IX-3 одд. под менторство на предметниот наставник Рада Иванова освои трета награда.
Честитки до ученикот и наставникот ментор. На ученикот му посакуваме уште поголеми успеси во понатамошното образование.