На повик на НУ Центар за култура – Битола беше распишан ликовен конкурс кој веќе наназад многу години се организира и на кој успешно се претставуваат ученици од нашето училиште. И оваа година не изостана награда за вложениот труд. Во месец мај ученичката Александра Стојанова од VIII-3 одд. под менторство на предметниот наставник Елизабета Зафирова Стојанова освои I награда, наставниците ментори Дивна Јанушова и Елизабета Зафирова Стојанова се здобија со дипломи за најдобра колекција, а ваква диплома има и за училиштето.
Честитки за наградениот ученик и наставниците ментори!