Прогласен  првенец на генерација 2018/2022 година 

0
20
На ден 08.06.2022 година се одржа состанок со комисијата во состав од тројца предметни наставници: Јагода Шапкова, Рада Иванова и Марија Атанасова кои како одделенски раководители на деветтите одделенија во централното училиште предложија 5 ученици кои влегоа во потесниот избор и тоа: од IX-1 одд. ученикот Матеј Минов и од IX-3 одд. учениците Викторија Стоилкова, Ангела Стојанова, Славица Стојанова и Иван Георгиев и училишниот педагог Марија Филипова. Врз основа на изготвениот критериум во согласност со Правилникот за пофалби и награди на учениците во ООУ „Раде Кратовче“ Кочанибеа бодувани предложените ученици и Првенец на генерацијата беше избран ученикот Иван Георгиев од IX-3 одд., а диплома за постигнат успех добија учениците Славица Стојанова од IX-3 одд. и Викторија Стоилкова од IX-3 одд.
 
Честитики за наградените ученици!
Претходна објаваОсвоена I награда на  47-ма Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“