На 22 септември Со велосипедската тура „По патеката на оризот“, Општина Кочани го одбележа Меѓународниот ден без автомобили. Од нашето училиште учествуваа ученици од предметна настава заедно со наставниците по ФЗО Тони Стојанов и Зоран Минов и други предметни наставници, возеа на релација долга 15 километри, што го поврзува Кочани со населените места Грдовци, Мојанци и Горни Подлог. Учениците и наставниците го промовираа велосипедот како превозно средство кое не ја загадува животната средина.